Визија

Секој правник да стане извонреден и подготвен да ги надмине предизвиците,
развивајќи го својот целосен потенцијал во кариерата и личниот живот.

Мисија

Да им овозможиме на правниците да постигнат извонредност во секој аспект од
својот живот преку програми за личен и професионален развој, физичко и ментално
здравје, лидерство, заедништво и инспиративни ресурси, создавајќи баланс и отпорност за
траен успех.

Вредности

  1. Извонредност – стремеж кон врвни стандарди во сите области.
  2. Здравје – негуваме физичко, ментално и емоционално благосостојба.
  3. Равнотежа – хармонија помеѓу професионалниот и личниот живот.
  4. Лидерство – создавање и инспирирање лидери кои носат позитивна промена.
  5. Заедништво – изградба на силна и поддржувачка мрежа на правници.

Приказна на основачот

ExcellOmni Lex е родена од моето лично патување како правник и мојата длабока страст
за фитнес, велнес и личен развој. Работејќи во правната професија и организирајќи
различни групи за лидерство и поддршка за правници, имав можност одблиску да
видам со какви предизвици се соочуваме ние правниците – стрес, исцрпеност,
недостаток на време за себе, постојана борба за баланс, потреба од лидерство и
мотивација за позитивен импакт. Ова искуство го допре моето срце и ме натера да
создадам нешто уникатно и посветено на моите колеги.

Поттикната од мојата љубов кон фитнесот, станав Fitness Coach и Xtreme Hip Hop
Step Instructor
и верувајќи дека секој од нас има неограничен потенцијал, се
сертифицирав и како Life Coach, со цел да им помогнам на правниците да изградат
баланс помеѓу професионалниот и личниот живот, да се грижат за себе, да станат
подобри лидери и да добијат сила и мотивација за да постигнат извонредност во сите
сфери од својот живот.

Денес, мојата мисија е преку ExcellOmni Lex да понудам поддршка, мотивација, знаење
и алатки кои ќе им помогнат на правниците да постигнат извонредност во кариерата и
во животот.

Што нè издвојува

  • Специјализиран пристап за правници
  • Сеопфатни програми кои комбинираат кариера, здравје и личен развој
  • Искусни и посветени коучеви и тренери
  • Заедница што поддржува, мотивира и инспирира